Семејството не сака да го преземе телото на убиецот Нермин Сулејмановиќ

|

Семејството не сака да го преземе телото на убиецот од Градачац во Босна и Херцеговина (БиХ), Нермин Сулејмановиќ, пишуваат босанските медиуми.

Тој ја уби својата поранешна сопруга Низама Хеќимовиќ и две други лица, татко и син, а рани уште тројца. Убиството на поранешната сопруга го пренесуваше во живо на Инстаграм, по што се самоуби откако сфатил дека полицијата ќе го уапси.

Не се знае кога ќе биде погребан Сулејмановиќ. Познаници на таткото на убиецот за „Дневни аваз“ велат дека тој кажал дека не го интересира телото на Сулејмановиќ.

38-годишната Хеќимовиќ е погребана вчера, а стотиците луѓе кои дојдоа да ја испратат, потоа учествуваа на мирен собир чија цел беше да испратат пораки против семејното насилство.

Освен во Градачац, протести имаше и во градовите Сараево, Зеница, Мостар, Тузла, Горажде и други.

Повеќе од 15.000 луѓе го следеа „крвавиот поход“ на Сулејмановиќ на социјалните мрежи, а федералната полиција уапси 40 лица кои го поддржувале во текот на преносот „во живо“. Сопругата го пријавувала убиецот за насилство.