|
Соединетите Држави веруваат дека ракета земја-воздух истрелана од Русија, најверојатно вчера го соборила авионот за кој се верува дека го превезувал водачот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин, изјавија денеска двајца американски претставници за Ројтерс.
Официјалните лица зборуваа под услов да останат анонимни поради чувствителноста на темата и истакнаа дека информациите се се уште прелиминарни и предмет на проверка.
Руските воздухопловни власти соопштија дека Пригожин, неговата десна рака Дмитриј Уткин и уште осум други биле во приватен авион кој вчера се урна северно од Москва. Во авионската несреќа нема преживеани.