Бројот на жртви од земјотресот во Мароко се искачи на 632 лица

|

Повеќе од 600 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди центарот на Мароко доцна синоќа, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

Во извештајот на министерството се наведува дека загинале 632 лица, а 329 се повредени.

Според Министерството, 51 од повредените се во критична состојба по земјотресот.

Како што јави Би-Би-Си, се очекува бројот на жртвите да се зголеми по земјотресот, кој наводно погодил една третина од земјата.

Има извештаи за големи тешкотии да се стигне до оддалечените села на планините Атлас кои се сериозно погодени од земјотресот.

Можеби ќе поминат денови додека спасувачите да стигнат до тие села, кои главно се состојат од стари згради.

Земјотресот со јачина од 6,8 ги извади луѓето на улиците во Маракеш и другите градови, главно јужно од Маракеш, кој е популарна туристичка дестинација.

Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 71 километар југозападно од Маракеш.

Сведоци од Маракеш изјавија за новинската агенција Ројтерс дека некои згради се урнале во дел од градот што е дел од светското наследство на УНЕСКО. Во дел од ѕидините на средновековниот град биле забележани големи пукнатини.