Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Србија, идната недела состанок на Работна група за следење на ситуацијата со вирусот

|

Во текот на идната недела во Србија ќе се состане Работната група за следење на ситуацијата со Ковид-19, најавија српските здравствени власти откако во државата е регистриран зголемен број заболени од тој вирус.

Во изјава за РТС, лекарката Снежана Јовановиќ од лабораторијата „Ватрено око“ нагласи дека во изминатите две недели има зголемен број на тестирања за коронавирусот на дневно ниво. Според неа „загрижува“ дека околу 20 отсто од примероците се позитивни.
Српскиот Институт за онкологија и радиологија од петокот забрани посети во таа установа поради зголемен број на заболени од коронавирусот, јавија белградските медиуми.