Саудиска Арабија ќе дозволи само „многу ограничен број“ луѓе, кои веќе живеат во Кралството, да можат да го извршат традиционалниот аџилак, што почнува кон крајот на јули, јави ДПА.
Како што продолжува ситуацијата со болеста и стапките на инфекција се зголемуваат на глобално ниво, аџилакот годинава ќе се одржи „ со многу ограничен број на лица од сите националности кои живеат само во Саудиска Арабија“, се вели во соопштението на Министерството за Аџилак и Умра.
Германската агенција пренесува дека повеќе од два милиона лица секоја година го изведуваат традиционалниот годишен аџилак во светиот град Мека, вклучувајќи и многумина кои патуваат од странство.
Саудиска Арабија ќе дозволи аџилак само за „многу ограничен број“ жители.