Летото е одличен период за промени, особено кога имаме повеќе слободно време од вообичаено, па можеме да се посветиме повеќе на себе и нештата кои ги сакаме.
ТВ и радио водителката Александра Илиевска, која повеќето најмногу ја препознаваат од кулинарското шоу „Брза кујна“, се реши за една драстична промена на себе, која и внесе нова свежина и поинаков поглед во огледалото.
Имено, таа на Фејсбук се пофали со новата фризура, односно промената на бојата на косата. Александра од бринети премина во русокоси, а пријателите и следбениците и порачаа дека одлично и прилега промената, а таа пак им препорача на дамите и тие да направат нешто слично.
Извор: vistina.mk