Амелиja донесе хаос во Франција: Ветрови со брзина од 160 км/ч., 140.000 домаќинства без струја, блокирани патишта

|

Најмалку 140.000 домаќинства денеска останаа без струја поради силното невреме кое погоди делови од Франција, а многу патишта се блокирани поради откорнатите и паднати стебла.

Бурата Амелиja го опустошила францускиот брег на Тихиот Океан, пропратена со силни ветрови и дожд, а особено се погодени делови од Атлантските Пиринеи, Ланд, Жиронда и Дордоња. 

https://twitter.com/Meteo_Pyrenees/status/1190890700784701440

Метеоролошката служба предупреди денеска на континуирани силни ветрови.

https://twitter.com/NiceMeteo06/status/1190822348359950336

Откажани железнички линии

Се очекуваше бурата да се премести кон истокот на земјата, но таа ослабна во неделата, според податоците на француската метеоролошка служба. Во 17 департмани е прогласено “портокалово” ниво на метео-опасност поради силни ветрови или поплави.

Поради бурата во прекин се и железнички линии, а затворени се и сообраќајниците во неколку региони. Жителите се предупредени да ја зголемат будноста и претпазливоста.