Современиот воен брод на американската воена морнарица, кој плови по водите на Тихи Океан опремен со ново оружје, би можел според мислењето на аналитичарите, да го промени односот на силите во нестабилните области како што е Јужното Кинеско Море, пренесува CNN.
„УСС Габриел Гифордс“ е брз воен брод опремен со нови крстаречки ракети кои летаат над површината на морето и затоа е тешко да се забележат на радар, и беспилотен хеликоптер кој на проектилите им помага во нишанењето. Проектилите се така направени да можат да маневрираат и да ја избегнуваат непријателската одбрана.
Портпаролот на американската Трета флота команданто, за CNN потврдил и истакнал дека ова оружје ќе ја зголеми борбената моќ на американската морнарица. САД и Кина се обвинуваат едни со други за нагла милитаризација во Јужното Кинеско Море, област во која многу земји ги истакнуваат своите интереси, но поголемиот дел од тоа море го покрива Кина.
„УСС Габриел Гифордс“ е прв воен брод опремен со новите проектили за поморски напад, но во план е да се опрамат 30 бродови со тоа ново оружје. Се работи за бродови кои можат да маневрираат во плитки мориња и околу острови и крајбрежни области. Новите проектили (Навал страјк мисил) првично биле развиени за норвешката војска и успешно биле тестирани на американскиот воен брод Коронадо во 2014-та година и САД ги купиле во 2018-та година преку компанијата Рејтион.
Клучна карактеристика на новите проектили е нивниот опсег кој изнесува повеќе од 160 километри, што е за 30 проценти повеќе во однос на опсегот на проектилот Харпун што досега ги користела американската морнарица.