Авион со 326 патници морал принудно да слета: Причината е крајно бизарна

|

Патнички авион со 326 патници морал приудно да слета затоа што во пилотската кабина, врз контролната плоча било истурено кафе.

Авионот Airbus A330-243 кој летал од германски Франкфурт до Канкун во Мексико морал принудно да слета во ирскиот град Шенон.

Пилотот одлучил итно да го приземји авионот затоа што после истурањето на жешкото кафе врз контролната плоча во кокпитот започнал да се шири силен мирис на изгорено, откриваат од Одделот за истражување на авионски несреќи (AAIB).

Инцидентот се случил откако пилотот ја ставил својата шолја кафе која што немала капак против истекување веднаш до контролната плоча, наместо на местото каде што има држач за кафе, стои во извештајот.

За среќа не дошло до никаков дефект на контролната плоча и авионот успешно слетал.

Од Одделот а истражување на авионски несреќи не открија за која авионска компанија станува збор, но поради инцидентот ги промениле прописите за да обезбедат капачиња за чашите во сите летови, додека екипажот сега стриктно се советува секогаш чашите со пијалоци да бидат затворени.