Автобус управуван од Македонец остана без покрив утрово во Пловдив

ИЗВОРСкопје24
|

Автобус остана без покрив утрово во Пловдив. Како што информира TrafficNews.bg, инцидентот се случил под мостот на булеварот Марица-Југ.

Двајцата возачи, за кои порталот пишува дека биле македонци, за среќа, поминале без повреди. Покривот на автобусот буквално бил однесен. Полицијата излегла на терен. Движењето во областа не е нарушено.

“Инцидентот се случил околу 6:30 до 7:00 наутро. Имаше многу гласна бучава. Очигледно, возачот не ја оцени висината “, изјави Венко, кој работи во близина и бил сведок на несреќата.