Баба Надежда (107) е најстарата Србинка на која единствената желба и беше да го запознае Вичиќ: Го почитував кралот Александар, за Тито не жалев, а сега го сакам Вучиќ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Претседателот Александар Вучиќ денеска ја посети најстарата Србинка, 107 годишната Надежда Павловиќ, во нејзиниот дом во Врачар, откако до него пристигнала информацијата дека сака да го запознае. Госпоѓа Надежда е учителка во пензија и живее сама.

Таа вели дека никогаш не се занимавала со политика, но долго памети и прати се што се случува, па ја приметила силата и енергијата која Александар Вучиќ ја вложува во подобрувањето на земјата и народот, колку тој се труди и бори, што на нејзиното животно скалило на вредности, високо на врвот и затоа и посакала лично да го запознае.

Во тој систем на вредности е и уште еден Александар – кралот Александар Караѓорѓевиќ – тој уживал почит и наклонетост тогаш од студентката Надежда и тоа се единствените две личности на цела земја во нејзиниот живот кои таа би ги издвоила, од времето на кралот Петар па до денес.

Плачела кога кралот Александар го уб*ле, а Тито никогаш не го сакала, па тие чувства ги поделила и денеска со претседателот Александар Вуќчиќ. Тој ја замоли да му раскаже како било во 1934 година, како дознала за уб*иството на кралот Александар и како било за време на Втората светска војна.

„Ние искрено го сакавме… Кога загина и кога тоа се случи, бев во Белград, знам дека клечевме и плачевме. Тоа беше сосема поинакво чувство“, се присети госпоѓа Надежда. Не се сеќава, вели, како точно дознала за уб*ството за кралот, но се сеќава дека сите излегле на главната улица и плачеле.

„Имав нов убав фустан, но не ми беше жал да клекнам и да ја извалкам. Тоа беше плач од срце“, рече таа.

Претседателот со неа ја подели својата заинтересираност за кралот Александар, кој е, примети, потолно отфрлен од Србите, нема своја улица, споменик, а бил не само крал кој ги соединувал сите, туку и образован, вешт и прилично скромен човек.

„Така е… а за Тито воопшто не жалевме“, одговори таа со насмевка.

Надежда многу се израдувала на посетата и вниманието на Вучиќ, но и на подароците кои и ги донесол, а посебно на брошот каков и прилега на дама од нејзиниот ков. Со тоа, како што им се доверила на своите гости, важно и е како изгледа.

Таа исто така му се поверила дека е многу „слаба“ на слатки и благи работи, дека децата ја тераат да оди со помагало иако тоа воопшто не и е потребно.

Претседателот и возврати со благодарност, лично неа, како пензионерка, но и на сите пензионери, што како што вели, имаат разбирање за државата, и што се покажале почит спрема државата во која живеат.

И рекол дека Србија напрадува, дека има добри резултати и дека и понатаму ќе напредува и пензиите дека ќе растат.

Со неа поразговара и за улогата и значењето на герентодомаќинките во животот на најстарите. Многу му значело, како што вели Надежда, што ја запознал и го поделил впечатокот од средбата со неа – за тоа колку е важен здравиот дух и кај постарите луѓе.

Надежда инаку, работниот век го поминала како учителка. Има две деца, пет внуци и шест правнуци.

Нејзината ќерка живее со семејството во САД, а синот во Нови Сад. Претседателот Вучиќ, Надежда го пречекала во друштво на внуката Љубица (43) од Нови Сад, единствената нејзина внука која живее во Србија. Родена е на 1 јануари 1912 година. Во Белград завршила Учителско школо и Педагошка академија.