Бебиња ајкули пронајдени без глави, перки и опашки на плажа: Сè укажува на едно

|

Според податоците на организацијата за заштита на морскиот живот, секоја година се убиваат 73 милиони ајкули поради нивните перки. Тоа се околу 200.000 ајкули дневно или две ајкули секоја секунда.

Голем број обезглавени бебиња ајкули биле пронајдени на плажа во Кејптаун во Јужна Африка. Ова мистериозно откритие ги збунило мештаните, но и експертите. 

Животните биле пронајдени без глава, грбни перки и опашки, пренесува британски Sun.

Ужасните сцени ги забележала полицијата, која веднаш повикала експерти на лице место.

Инспекторите рекле дека ја истражуваат суровоста кон животните, но дека се укажува на ловокрадство.

“Перките на ајкулите се мета на ловокрадците бидејќи достигнуваат висока цена на црниот пазар, а се користат и во деликатесите”, објасниле експертите.

Супата од перки е традиционална супа која може да се најде во кинеската кујна, а во рестораните една порција може да чини и до 150 евра.

Откако ќе им ги откинат перките, ајкулите ги фрлаат назад во морето за да ги искрварат до смрт.

Иако некои тврдат дека имаат здравствена корист, месото на ајкулата всушност содржи голема количина на жива.

Според податоците на организациите за заштита на морскиот живот, секоја година се убиваат 73 милиони ајкули поради перките. Тоа е околу 200.000 ајкули дневно, или по две ајкули секоја секунда.