Нина Мориќ во 1995 година беше прогласена за мис на Хрватска, а само една година подоцна го освои третото место во конкуренција за лице на Елит модел лук, а потоа овој модел навистина почна наголемо да плени со специфичната убавина.
Таа ја освои цела Европа уште како 20-годишна, станувајќи еден од најуспешните модели на својата ера, а светска слава стекна во видеото на Рики Мартин “Livin La Vida Loca”, кое изобилуваше на сцени со згодни девојки во кои Нина беше во прв план.
Атрактивната бринета потоа се пресели во Италија, а со растот на популарноста, дојдоа голем број понуди, вклучувајќи ги и телевизиските ангажмани. Нина одлучи да вплови во водителските води, но паралелно со тоа се зголеми и нејзината желба да остане вечно млада и да биде попривлечна.
Потоа влезе во маѓепсаниот пеколен круг на естетската хирургија, од кој не излезе и до денес. Кога во мај оваа година се појави во италијанската верзија на “Големиот брат”, јавноста беше шокирана од нејзиниот изглед, а Италијанците ја нарекоа “мрт***а невеста”, споредувајќи ја со ликот од цртаниот филм.
Манекенката имаше бурен љубовен живот, а зад себе има два брака. Првиот со италијанскиот бизнисмен Фабрис Корона траеше 13 години, а со него исто така го има и синот Карлос, кој по разводот му припадна на таткото. Нина долги години водеше борба за старателство над синот, што исклучително ја вознемируваше.
Кратко време по раскинувањето на брак со Корона, се омажила за претприемачот Масимилиано Доси, но оваа врска се заврши по само два месеци.
Нејзината агонија продолжува, а минатата година таа им ја отвори душата на медиумите, велејќи дека нејзиниот син може да го гледа само во контролирани услови, и покрај тоа што неговиот татко е моментално во зат**р и за детето се грижи баба му. Исто така, 16-годишниот Карлос минатата година поминал повеќе од осум месеци во невропсихијатрија, а очекувано – тој не е премногу приврзан кон неговата мајка.
Извор: Вистина