Били Кристал и Мег Рајан пред точно 30 години беа ѕвезди на хит филмот „Кога Хари ја сретна Сали“, а вчеравечер во Холивуд актерите ја прославија годишнината на филмот.
Тие се појавија на отворањето на TCM Classic Film Festival во друштво на режисерот на филмот Роб Рајнер, а медиумите беа воодушевени од нивната повторна средба по цели 30 години.
На отворањето на филмскиот фестивал, 57-годишната актерка се појави во стилски црн костум во комбинација со бела кошула и црна вратоврска и чевли.
Таа шокираше со изгледот.
Полни образи, затегнато лице, чело без брчки и видно зголемени усни во однос на фотографиите од премиерата на филмот “Кога Хари ја сретна Сали” во 1989 година, многумина сметаат дека Мег им се препуштила на пластичните операции.
“Ги сакам своите години, го сакам мојот живот. Ја сакам личноста која станав”, признала Мег во едно интервју, но одбила да искоментира за изгледот.