Повеќе од милион домови и деловни објекти останале без струја откако голем пожар избил во понеделникот наутро по локално време во близина на музејот Гети во Лос Анџелес.
Ширум Калифорнија и натаму беснеат пожари поради кои во таа сојузна американска држава е прогласена вонредна состојба, а меѓу десетината илјади евакуирани се и холивудскиот актер и поранешниот гувернер на Калифорнија, Ароналд Шварценегер и кошаркарската ѕвезда на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс.
Повеќе од милион домови и деловни објекти останале без струја откако голем пожар избил во понеделникот наутро по локално време во близина на музејот Гети во Лос Анџелес.
На илјадници луѓе од некои од најбогатите населби им било наредено да се евакуираат, меѓу кои и Шварценегер и Џејмс, кои со семејствата биле принудени да ги напуштат своите домови.
Пожарот во Лос Анџелес се шири брзо и зафатил повеќе од 200 хектари во брдата околу еден од главните автопати, пренесува VOA.
Изгореле најмалку пет куќи, а се очекува тој број да расте, но повредени нема.
Во северниот дел на Калифорнија, поради силните налети на ветер, илјадници пожарникари и натаму не можат да го изгаснат најголемиот пожар во тоа подрачје, пожарот Кинкејд, а локалните власти наредиле евакуација на речиси 200.000 луѓе.