Без џиновските огледала овој норвешки град воопшто нема сонце половина година

|

Без џиновските огледала овој норвешки град воопшто нема да види светлина во текот на зимата. Поради високите планини кои го опкружуваат градот Рјукан, шест месеци во годината светлината од сонцето воопшто не допира до куќите. Од септември до март жителите на ова мало гратче се во мрак од утро до вечер.

Сега градот постави три жиновски огледала кои имаат за цел да ја рефлектираат сончевата светлина на градскиот плоштад. Огледата функционираат на принципот на сончогледи и го следат движењето на сонцето, поместувајќи се секои 10 секунди. Благорадение на огледата сега 600 квадратни метри површина во градот е осветлена од сончевата светлина.

Огледата користат соларна енергија и енергија од ветрот, а нивната изработка и поставувањето го чинеле градот 850.000 долари. Од градот се надеваат дека огледата ќе помогнат луѓето да бидат поздрави, како и дека ќе привлечат повеќе туристи за да може да се финансира развојот на градот.

https://www.facebook.com/worldeconomicforum/videos/2739621216317939/?t=0