Срамежливата тинејџерка од Шведска повторно се најде во центарот на вниманието откако на самитот на ОН за климатски промени упати жестоки пораки до светските лидери.
Тоа не беше прв пат Грета Тунберг со својот остар јазик и дела да ги посрамоти постарите, па на свои 16 години стана лицето на борбата за спас на планетата од глобалното затоплување и кандидатка за Нобелова награда за мир.
Борбата на Грета започна минатата година кога секој петок бегала од училиште и сама пред шведскиот парламент протестирала против климатските промени. Овој пример потоа започнаа да го следат многу нејзини врсници ширум светот, па осамениот акт на граѓанска непослушност се претвори во глобално движење наречено „Петок за иднина“.
Меѓутоа, светот додека ја славеше Грета како „климатски воин“, секако, се појавија и скептици кои се прашуваат дали таа е под контрола на нејзините родители кои сакаат да профитираат од нејзината војна?
ПР гуру и родители кои сакаат слава
Грета Тунберг е родена на 3-ти јануари 2003-та година како далечен потомок на Сванте Архениус, еден од основачите на физичката хемија како модерна научна дисциплина и прв научник кој предвидел дека емисијата на јаглеород диоксид би можела да доведе до глобално затоплување.
Нејзна мајка е оперската пејачка и учесничка на Евровизија, Малена Ернман, а нејзиниот татко е актерот Сванте Тунберг.
Грета на свои осум години за прв пат дознала за климатските промени и се запрашала зошто возрасните не го сфаќаат тоа сериозно. Тоа бил и еден од факторите кои довеле до тоа на нејзина 11-годишна возраст да заболи од депресија – престанала да јаде, да оди на училиште и да говори со сите освен со членовите на нејзиното семејство и еден нејзин учител.
Тогаш било утврдено дека има Аспербергов синдром (облик на аутизам), опсесивно компулсивно пореметување и селективен мутизам. Како што самата рече, селективен мутизам значи дека таа говори само кога чувствува дека тоа е потребно, а таа сфатила дека мора да зборува за климатските промени.
Нејзините родители се откажале од своите кариери за да можат да се грижат за Грета и нејзината сестра Бети која што исто така боледува од Аспербергов синдром и опсесивно компулсивно пореметување. Животот на семејството се променил кога бизнисменот, ПР експерт и активист за заштита на животната средина Ингмар Рентог на својот Фејсбук профил објавил фотографија од Грета како протестира пред шведскиот парламент.
Објавата набрзо се проширила низ шведските медиуми, а уште тогаш нејзината мајка се соочи со обвинувањата дека со помош на Рентог ја смислила кампањата за да ја промовира својата книга за борбата на нејзината ќерка со бројните болести.
Истрагата на британскиот магазин “Standpoint” тврди дека бизнисменот не „налетал случајно на Грета“, туку за тоа се договорил со мајката на Грета неколку седмици претходно. Вредноста на компанијата на Рентог „Немаме време“ која исто така се занимава со борба против климатските промени скокна на над милион долари откако Грета се приклучи на советодавниот одбор.
Тинејџерката подоцна се повлекла од одборот, но тоа не ја спречило шведската јавност да ја осуди – според многумина таа сфатила дека од нејзината ќерка има многу поголема корист од само промовираањето на книгата. Дел од шведската јавност смета дека Малена никогаш не го преболела тоа што морала да ја жртвува кариерата поради семејството, па затоа ја искористувала својата ментално заболена ќерка и нејзиниот опсесивен страв од климатски промени.
Хероина или популист?
Подемот на Грета посебно го следат германските медиуми кои оценија дека шведската тинејџерка има една заедничка особина со популистите – совршено ја поедноставува комплицираната проблематика.
Германските медиуми се осврнаа и на талентот на Грета да го дели општеството, што е уште една одлика на популизмот.
„Секогаш истите стереотипи. Од една страна е општество на возрасни кои ја уништуваат климатаи животот, а од друга страна се младите луѓе кои се грижат за иднината иако живеат во богатите индустриски земји. Тие не се грижат за работните места, Грета и нејзиното движење се нов вид на популизам. Светот е поделен на црно и бело, добро и зло, млади и стари“, пишува германски „Ројтлингер Генерал Анцајгер“, пренесува „Дојче Веле“.