Брановите буквално го проголтуваат: На прекрасниот остров му се заканува исчезнување

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку не се преземе нешто во врска со зачувувањето на островот Тувалу, кој се наоѓа северно од Фиџи, сè повеќе е извесно дека наскоро ќе исчезне.

Тувалу, полинезиската држава, се наоѓа на половина пат помеѓу Хаваи и Австралија, а освен со природната убавина, островот е посебен и по тоа што се наоѓа на списокот на најзагрозените острови. Поради климатските промени и подигнување на висината на морето, Тивалу наскоро би можел да исчезне.

Веќе два острови се на раб на исчезнување. Како што пренесува „Гардијан“, владата предупредила на алармантна состојба. Поради ерозија на тлото и немилосрдното море, само е прашање на време кога ќе исчезне островот.

Според изјавите на жителите, за време на жестоките бури, брановите толку силно го удираат островот, што буквално го проголтуваат, а многумина се плашат дека наскоро единственото што ќе се гледа е океанот. Постарите жители се истрајни и сакаат да останат на островот и покрај она што може да се случи.

Нивниот страв е оправдан, тврдат експертите и истакнуват дека нема уште многу време, веројатно уште 50 до 100 години.

Тие размислуваат за неколку решенија, од конструкција за пловен остров до подигнување на висината на тлото за десет метри од висината на океанот.