Бразил: Свештеник рекол дека дебелите жени не одат во рајот, па една жена го турнала од сцената (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

На социјалните мрежи се појави видео од Бразил, Сао Паоло, на кое се гледа како пред бројната публика една жена се качува на сцената и го турка свештеникот, по неговата изјава дека „дебелите жени не одат во рајот“, пренесуваат тамошните медиуми.

Инцидентот се случил за време на обраќањето на свештеникот на затворањето на еден религиозен камп во Сао Паоло.

На видеото се гледа како околу 50 илјади верници во шок го следат инцидентот, кога жената одеднаш се качува на сцената и го турка свештеникот, откако тој наводно ја испратил споменатата порака за дебелите жени, иако тоа не се слуша во видеото.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, за среќа, свештеникот не бил повреден.

Најдебелото момче на светот ослабна 82 килограми, а вака изгледа денес

Момче по име Ариа Пермана беше толку тежок што едвај можеше да стане од кревет.

12- годишникот од Западна Јава, минатата година е прогласен за најдебело дете во светот изгуби неверојатни 82 килограми, а претходно имаше 192 килограми, пишува „Њујорк пост“.

Момчето во 2017 било на операција каде му е намалена тешината, а сега лекари и нутриционисти го надгледуваат и е на строга диета.

Сега тој може да излезе надвор и да игра со другарите.

Со операцијата му е намеален желудникот и нема толкава желба за храна па драстично ослабел, а сега изгледа вака: