Откако Лепа Брена и Саша Поповиќ во 2019 година ја продадоа „Гранд продукција“ за 30 милиони евра, пејачката реши да започне сопствен бизнис.
Ѕвездата на поранешна Југославија реши да вложи пари во нов бизнис, солидна сума од 300.000 евра. Иако долго време го најавуваше овој проект и не сакаше да каже за што точно се работи, медиумите сепак дознаа дека се работи за бизнис со женски чорапи. Пејачката тоа го потврди, но не откри детали.
По бројните средби со луѓе и партнери од оваа гранка на модната индустрија, таа дизајнираше чорапи и хулахопки кои нема да содржат ништо помалку од златни наночестички и хијалуронска киселина.
Таа се впуштила во овој храбар деловен потег со поддршка на нејзиниот сопруг, Слободан Боба Живојиновиќ, кој исто така вложил одредени финансиски средства. Иако се најавуваше дека овие нејзини производи ќе се појават на пазарот напролет оваа година, таа го одложи бидејќи не беше задоволна од конечните резултати.
Сега, кога се е речиси готово и кога и самата е презадоволна од производот, сигурно е дека ќе почне да продава чорапи во октомври или почетокот на ноември годинава.
– Брена ја подготвува својата линија на чорапи повеќе од две години. Во целата оваа приказна вложила 300.000 евра. И покрај тоа што требаше да се продадат, таа не сакаше нејзиниот производ да биде пуштен во продажба додека сè не биде врвно. Сега таа формула е усовршена во соработка со најголемите стручњаци во оваа област, така што во октомври или ноември жените ќе можат да ги купат овие чорапи. Тие ќе бидат достапни во сите големини и за жени од сите возрасти. Она што е интересно е што тие чорапи визуелно ќе направат личноста која ги носи да изгледа послаба отколку што е – вели изворот, додавајќи:
– Ова е навистина револуционерен производ на пазарот. Тие чорапи ќе содржат златни наночестички и хијалуронска киселина, кои дополнително ќе се грижат за женските нозе и стопала. Ќе ги прикрие сите недостатоци, и ќе го истакне сето најдобро на женските нозе. Нејзината линија се произведува во фабрика во Италија од најквалитетните конци кои доаѓаат од Шпанија. Таа планира да отвори и неколку продавници во Белград и регионот. Логично, Брена ќе биде најдобриот модел за нејзините производи, што не е чудно кога токму нејзините чорапи беа едни од главните парчиња облека на сцената – заклучува изворот.