Непосредно пред избивање на пожарот во париската катедрала Нотр Дам снимена е фотографија која ги запрепасти корисниците на друштвените мрежи.
Само еден час пред разорниот пожар да ја зафати париската катедрала Нотр Дам, татко и ќерка се снимени како весело си играат пред историскиот споменик, а фотографијата после тоа стана вирална.
Фотографијата е снимена пред заоѓањето на сонцето и пред пожарот кој го осветли париското небо, кој беше локализиран околу 3 часот утрината, откако прво го „проголта“ објектот, а набрзо потоа и целиот кров.
Брук Виндзор вели дека снимила фотографија од татко и ќерка кои уживале пред 850 години стариот споменик, кој годишно го посетуваат 14 милиони туристи.
Таткото уште не е идентификуван, но фотографијата веќе заврши во голем број медиуми и веројатно е само прашање на време кога ќе биде пронајден.
https://twitter.com/brookeawindsor/status/1117940714715930624?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1117940714715930624&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Ffoto-cel-svet-gi-bara-tatko-i-kjerka-fotografirani-pred-notr-dam-eden-chas-pred-da-izbuvne-pozharot
Целокупната светска јавност е во шок и денеска жали за изгорената катедрала “Нотр Дам”во Париз која вчера беше зафатена од голем пожар.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како човек се движи на вториот спрат од црквата додека истата гори.
Кој е овој човек од страничната страна на “Катедралата Нотр Дам”, кој за време на пожарот поминува на вториот спрат? – пишуваат дел од Твитерџиите.
Who is this man on site at the #NotreDameCathedral during the fire walking through the church on a second floor level?! While no workers were on site at this moment..
— Adrienna DiCioccio ⭐️⭐️⭐️ (@adriennaUSA) April 16, 2019