Чудо во медицината: Жена со две матки роди близнаци еден месец по нејзиното прво породување

ИЗВОРСкопје24
|

Жена од Бангладеш роди близнаци еден месец откако на свет донесе машко дете, објави нејзиниот лекар за „Би-би-си“.

Арифа Султана, која има 20 години, се породи на крајот на февруари, а 26 дена подоцна таа била однесена во друга болница откако почувствувала болки во стомакот.

Лекарите откриле дека е сѐ уште бремена и дека носи близнаци во друга матка, поради што е породена со царски рез.

Близнаците се родени здрави и се отпуштени од болницата.

Според гинеколог од Сингапур, Uterus Didelphys односно постоењето на две матки „не е толку ретко колку што им се чини на луѓето”.

„Кога одите на скенер, ќе видите дека имате две матки. Но, бидејќи жената е од селска средина, таа најверојатно немала пристап до ултразвук “, изјави д-р Кристофер за „Би-би-си“.

Султана вели дека е среќна поради децата, но таа е загрижена за тоа како ќе ги подигне поради тешката финансиска состојба, соопшти АФП.

Нејзиниот сопруг заработува помалку од 95 долари месечно, но рече дека „сè ќе направи за да ги обезбеди”.