Чудо во Нотр Дам – се изгорело во страшниот пожар, само ова останало недопрено

ИЗВОРСкопје24
|

Познатите витражи од Нотр Дам сепак го преживеале катастрофалниот пожар во оваа катедрала, и покрај првичната информација дека се уништени.

Стаклените прозори стари 800 и 900 години останале недопрени во пожарот кој беснееше во поголемиот дел од познатата црква.

-На основа на тоа што го видов витражите не се оштетени, прозорите се од 12 и 13 век и понатаму се таму – рекол портпаролот на катедралата Андре Фино.

-Ова е чудо, сега ни е малку полесно – рекол тој.

Покрај тоа неоштетени останале и оругилите.

Францускиот свештеник и капелан на париската пожарникарска бригада Жан Марк Фурние е еден од хероите на синоќешното спасување на катедралата Нотр Дам.

Фурние храбро втрчал со пожарникарите во запалената катедрала и од неа ја спасил „Круната од трња“, за која се стравуваше дека е изгубена во пожарот кој со страотна брзина се разгоре и по кулата и покривот, ја зафати речиси целата црква.

„Отец Фурние е апсолутен херој. Тој не покажа страв кога втрча право по реликвиите во катедралата и ги спаси. Тој се носи со животот и смртта секој ден и не покажува страв“, кажа припадник на службата за брза помош.

„Отецот Фурние влезе со пожарникарите во катедралата Нотр Дам за да ги спаси Круната од трња и благословениот сакрамент“, потврди и уредникот на француската католичка телевизија КТО Етјен Лораије.

Овој свештеник ја почнал кариерата во Германија, а потоа се префрлил во Франција. Се придружил на оружените сили во 2004, и минал седум години со француската војска низ светот. Во Авганистан преживеал заседа од талибанците во која биле убиени 10 војници.

Католиците веруваат дека Круната од трња, која се наоѓаше во Нотр Дам, е венецот од трња кој му бил ставен на главата на Исус Христос пред неговото распнување на крстот. Во Париз во 1238 година ја донел францускиот крал Луј Деветти. Реликвијата се чува во златен сандак во ризницата на катедралата и само повремено се изнесува за верниците да можат да ја видат.