Чудото од дете кое требаше да дипломира на 9 години ги прекина студиите

|

Лорен Симонс минатиот месец беше на насловните страници ширум светот, бидејќи требаше да заврши електротехника на универзитетот во Ајндховен пред крајот на година, што ќе го направеше прв дипломец во светот од 10 години.

9 – годишното белгиско момче Лорен Симонс, кој беше на патот да стане најмладиот универзитетски дипломец на светот ги прекина студиите на холандскиот универзитет во Ајндховен по спорот околу можниот датум за дипломирање.

Но, во понеделникот од универзитетот им соопштија на Лоран и неговите родителите дека тој план повеќе не е изводлив, имајќи ги предвид испитите кои мора да ги положи пред својот роденден на 26 декември.

Лорен е неверојатно надарано момче, кое своите студии ги поминува со невидено темпо, соопшти универзитетот.

Бидејќи, првобитниот план изгледаше недостижно, универзитетот наведе дека му понудил феноменална брза шема, според која своето образование би го завршил кон средината на 2020 година.

Меѓутоа, родителите на момчето одлучиле да не ја прифатат понудата и веднаш ги прекинале неговите студии во Ајндховен.

До минатата недела се беше во ред, а сега одеднаш ги одложуваат работите за шест месеци“ – вели таткото на Лорен, Александер Симонс.

Точниот датум за дипломирањето на Лорен никогаш не бил проблем за семејството, истакнува таткото и додава дека проблемот настанал откако ги дознале нивните планови, за нивниот син образзованието да го продолжи во странство.

Многу е необично дека сето ова дојде во времето кога ги завршувавме плановите за докторатот на Лорен на друг универзитет“ – рече таткото.

Голем број на универзитети се заинтересирани за Лорен и би им било чест да им се придружи, наведе Александер и додаде дека неговиот син сите го бараат и дека тој е единствен проект, во кој многумина сакаат да бидат.

Моментално, според Гинисовата книга на рекорди, најмладата личност која добила факултетска диплома е Мајкл Карнеј, кој доаѓа од Америка и кој дипломирал во јуни 1994 година, на 10 години и 4 месеци.