Дедо Мраз ќе биде последната улога на славниот Курт Расел

ИЗВОРНов Лист
|

Курт Расел во својата шестдецениска актерска кариера, играше разни ликови и медиумите пренесуваат дека би можел да се пензионира со последната улога, на Дедо Мраз во „The Christmas Chronicles 2“ на „Нетфликс“.

Славниот режисер изјави – „Кога еден актер го игра Дедо Мраз, најчесто публиката не го сфаќа сериозно. Но, кога Курт Расел се спремаше да го игра Дедо Мраз, тој напиша 170 страници за историјата и митологијата на тој лик, осум недели ја пушташе брадата и деноноќно работеше со мене на сценариото. Тој толку се посвети на оваа улога што уживав да работам со него. Ми рече сакам со оваа улога да се одјавам, ова да ми биде последна улога“

Колумбос изјави – „во една прилика ми рече: Сакам да појдам кон залезот, ова е последната улога што ја толкувам. Тој сака да продолжи да го прави ова… Длабоко во неговата душа, тој е посветен на оваа улога. Тоа значи дека осум недели растење на брадата со малку додатоци, работејќи со сценариото секоја вечер пред да снима со мене. Тоа е силна посветеност. И тој го сфаќа тоа многу сериозно“.