Делфини спасувачи: Кучето било во вода 15 часа , а потоа пристигнале тие…

|

Како што знаеме делфините се преслатки и многу интелигентни животни. Тоа се животни со развиени емоции и најслични се на луѓето.

Тоа е докажано со тоа што група делфини спасиле куче кое се изгубило во водите. Кога кучето паднало во вода во некој канал во Флорида, групата делфини ведшан отишла да помогне.

Никој не слушнал кога кучето паднало во вода и не знаеле дека потребна му е помош. За среќа, сепак некој бил тука за него за да му помогне.

Тоа била група делфини која го здогледала преплашеното кученце. Тие пливале наоколу и се обиделе да направат што поголема врева за да привлечат нечие внимание.

Некој човек ги слушнал и веднаш ги повикал надлежните да дојдат за да помогнат, а тој скокнал во водата за да го спаси.

Иако кучето било во шок сепак на крајот било добро. Проценето било дека кучето во водата било околу 15 часа. Тоа е многу долг период за било кое животно да плива без да престане.

Без делфините, ова куче би немало никакви шанси да преживее.  

Погледнете го видеото за да дознаете повеќе за оваа емотивна приказна: