Мајката во еден момент паднала во провалија. Нејзиниот син успеал да се спушти до неа и со помош на мобилниот телефон да побара помош.
10-годишното дете кое им помагало на властите при спасувањето на мајката која паднала во провалија за време на планинарење во Шкотска, заслужува медал, рекле спасувачите.
Спасувачката служба на планината Обан ги пофалила постапките на детето кое по сериозниот пад на неговата мајка успеало да дојде до неа и да внимава на неа додека да пристигне помошта.
Детето, неговите родители и уште две деца на возраст од пет и девет години свртеле на погрешно место додека во понеделникот се симнувале од планина висока околу 1.000 метри, и завршиле на многу стрмен терен, пишува “Guardian”.
Мајката во еден момент паднала во провалија. Нејзиниот син успеал да се спушти до неа и со помош на мобилниот телефон да повика помош.
Спасувачката служба на планината Обан го пофалила малиот херој на својата Фејсбук страна.
“Детето цело време разговарало со својата мајка, убедувајќи ја дека помошта доаѓа и обидувајќи се да ја одржи свесна. Потребни ни беа околу 30 минути да се искачиме на местото на несреќата и да поставиме основен безбедносен систем. Цело време детето разговарало со својата мајка”, напишала спасувачката служба.
Спасувачите ја префрлиле мајката на детето со хеликоптер во болница во Глазгов. Лекарите велат дека таа добро закрепнува.
“Ова храбро момче треба да добие медал или награда за тоа што го направи. Било тешко да се дојде до жената и да се внимава на неа, да се разговара со полицијата и да се остане мирен. Беше неверојатен”, порачале од спасувачката служба.