ДОАЃА НОВ ИЗРАЗЕН ТОПЛОТЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – ОД ДЕНЕС ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40°C И ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ ИНДЕКС

ИЗВОРНов Лист
|

Од денес па натаму нашата територија ќе подпадне под влијание на нов ТОПЛОТЕН БРАН кој продира од југ (северните предели на Африка). Времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденицја на значителен пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 39 степени, додека во најтоплите предели истите ќе го достигнат 40тиот степен.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициентпомеѓу 10 и 11), па затоа ПРЕПОРАКА до граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, особено старите и изнемоштени лица и да пијат што повеќе течности.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.