Американската воена морнарица на својот „ЈуТјуб“ канал вчера објави снимки од тестирањето на најновиот носач на авиони “USS Gerald R. Ford”.
На снимките може да се види како 333 метри долгата воена машина вредна 13 милијарди долари завртува при големи брзини.
Како што пренесуваат американските медиуми, носачот на авиони “USS Gerald R. Ford” во средата успешно ја комплетираше пробната пловидба после големиот ремонт кој траеше 15 месеци и вклучуваше бројни поправки и надоградби.
Американската армија очигледно деновиве ги тестира неговите маневарски способности во реални услови, а како изгледа кога овој носач на авиони ќе заврти при голема брзина, погледнете на видеото подолу.
Според американските медиуми, брзината на “USS Gerald R. Ford” е сигурно поголема од 30 чворови (56 километри на час), но сепак максималната брзина на новата гордост на американската морнарица е строго чувана тајна.