Два змјотреси денеска го погодија балканскиот полуостров.
Епицентарот на првиот земјотрес беше во Босна и Херцеговина со јачина од 4.2 степени според Рихтер, на 90 километри од главниот град Сараево.
Вториот земјотрес беше со епицентар во Црна Гора. Јачината на вториот земјотрес беше исто со 4.2 степени според Рихтер.
Во последните неколку недели тлото беше немирно во Грција. Серија на земјотреси го погодија нашиот јужен сосед. Пред тоа тлото се тресеше и во Албанија. Овие потреси беа почувствувани и во Охрид и Струга.