Пејачката и актерка Џенифер Лопез не престанува да изненадува со своето совршено затегнато тело ни во петтата деценија од својот живот.
Речиси секојдневно наидуваме на нејзните фотографии од теретана или од престижните холивудски случувања кои предизвикуваат лавина од коментари на интернет.
Иако јавноста сè уште “заздравува“ од нејзиното спектакуларно појавување на модната писта по повод 20-годишнината од луксузниот бренд „Версаче“ на неделната мода во Милано, таа повторно докажа дека и хеланките ги носи со гордост и дека ја има титулата за најзгодна жена на планетата.
Фотографиите настанале веднаш по излегувањето од теретана на кои Џенифер Лопез носи розови хеланки и ја воодушевиле јавноста ширум светот, но и совршено го истакнале нејзиниот задник и облини. И со овој аутфит особено се воодушевени мажите кои не можат да ги тргнат погледите од нејзината задница.
Сепак, тоа што особено предизвика внимание е тоа што Џеј Ло во овие хеланки на прв поглед изгледа како да е гола. Оптичка илузија или пак трик?