ЕДНА на Вук Митевски на престижниот 59 интернационален Краков Филмски Фестивал

ИЗВОРSisters and Brother Mitevski
|

ЕДНА – најновата краткометражна анимација на Вук Митевски, својата премиера ќе ја има на престижниот 59 Интернационален Краков Филмски Фестивал. (www.krakowfilmfestival.pl)

ЕДНА ќе биде прикажана во главната конкуренција за кратки и анимирани филмови и ќе се бори за наградата Сребрен Змеј за најдобар анимиран филм, со уште 9 анимации од целиот свет. ЕДНА во Краков ќе се прикажува на 28 и 30 мај.

Краков интернационалниот филмски фестивал се вбројува во најдобрите десет фестивали во светот посветени на анимираните филмови, и вброен е помеѓу ретките фестивали кои водат до директна номинација за наградата Оскари во категоријата на кратка анимација.

ЕДНА е 11 минутна анимација која беше инспирирана од бегалската криза, каде што Македонија како транзитна земја ја проследи реката човечки судбини. Во суштина ЕДНА е љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин. Анимацијата е целосно изработена во рачен цртеж и на авторот му беа потребни скоро три години за да ја изработи оваа магична анимација.

ЕДНА е копродукција помеѓу Македонија и Белгија и е подржана од Македонската Агеција за Филм. Продукцијата целосно се одвиваше во Македонија, а постпродукцијата во Германија, каде што беше работен звукот, Франција каде се изработуваше музиката, и Белгија каде се работеше лабараторијата и миксот. Сценариото е на Теона Стругар Митевска, музиката е изработена од Оливие Самујо, звук Емил Клотзц, монтажа на Благоја Неделковски и Ванчo Мираковски.

По претходниот голем успех со повеќекратно наградуваната анимација Алерик, ова е четврта анимација на Вук Митевски.