Кога сме на работа или брзаме наутро во домот, немаме време да ја уклучуваме ринглата на шпоретот за да го направиме утринското кафе или пак сакаме да заштедиме електрична енергија, па поради тоа го користиме електричното ѓезве со кое нашиот омилен пијалок е готов за минута.
Сепак неговото чистење не е така едноставно, а и по почесто користење остануваат дамки од кафето кпи не можат да се исчистат со сјај за миење садови.
Доколку и вие го имате овој проблем не очајувајте, исчистете го електричното ѓезве со овој едноставен трик.
Во електричното ѓезве само ставете шолја оцет и шолја вода, а потоа вклучете го апаратот додека течноста не зоврие.
Потоа истурете ја течноста, а ѓезвето ќе остане чисто без бигор.
Видеото од целата постапка можете да го погледнете со клик ТУКА.