Елен со три рогови фотографиран во Мичиген

|

Кога Стив Линдберг излегол пред својот дом во Мичиген за да ја фотографира природата, не се ни надевал дека ќе направи фотографии од елен кој има три рогови.

Од 2012 година, Стив секој ден објавува фотографии од диви животни од своето родно место. Тој ден не бил оптимистичен дека ќе успее да “фати” некое животно поради многу ниските температури, па бил многу среќен кога здогледал видра како јаде риба на мразот“ПОМИСЛИВ ДЕКА СЕПАК ЈА ИМАМ ФОТОГРАФИЈАТА НА ДЕНОТ. НО, КОГА СЕ ВРАЌАВ ВО ВОЗИЛОТО СО СВОЕТО КУЧЕ, ЗАБЕЛЕЖАВ ЕЛЕН КОЈ ЧУДНО ИЗГЛЕДА. ИМАВ ИЛЈАДНИЦИ ФОТОГРАФИИ ОД ЕЛЕНИ, НО ВЕДНАШ ПРЕПОЗНАВ ДЕКА ОВОЈ Е НЕОБИЧЕН”.

Тој направил неколку фотографии од еленот и заминал дома. Кога ги објавувал фотографиите, воочил дека еленот има три рогови, а фотографијата веднаш станала вирална и добила стотици коментари.

Ветеринарот Стив Едвардс вели дека ова е еден во милион случаи помеѓу елените.

Како што тоа вообичаено е случајот на социјалните мрежи, имало и такви кои го обвиниле за фотошопирање на фотографијата, а за да докаже дека не е вистина, Стив ги објавил и останатите фотографии.

Со цел да го заштити од лов, Линдберг одбил да ја открие локацијата на која го фотографирал еленот.