Тие се од најновиот избор за емоџи, одобрен од Унокод Конзорциумот.
Подоцна оваа година, корисниците на iOS ќе можат да им кажат на своите пријатели користекјќи еден емотикон, дека се чувствуваат како нинџи додека носат маски за лице. Епл откри 13 нови емоџи кои ќе се појават во употреба на нивната мобилна платформа. Воедно сите нови емоџи беа дел од изборот на Унокод Конзорциумот одобрени уште во јануари. Конзорциумот покажа какви се ново одобрените емоџи тогаш, но технолошките гиганти обично прават мали измени на графиката за да им дадат посебен „шмек“ на нивните платформи.
Покрај емоџи-то од нинџата, комплетот вклучува емотикони со „bubble“ чај, емоџи срце, бели дробови, како и емотикон со дланка, која веќе се нарекува „Италијанска рака“. Емоџи кое претставува трансродов симбол, за да биат вашите емоџи по родово инклузивни. Не е јасно кога ќе биде вклучено
и трансродовото знаме, насмеаното лице со една солза, велот и фракот кои исто така се симболи за родова инклузивност.
Според „Engadget Јапонија“, новиот сет веројатно ќе го направи своето деби со iOS 14 некаде оваа есен. Според „Емоџипедија“, „Епл“ објавува и нови опции во боја на емоџито со маска за лице за „Мемоџис“, нејзините аватари што корисниците можат да ги создадат за да изгледаат како нив и да ги следат нивните движења на лицето.