Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4000 метри висина

|

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1000 метри висина, пренесува Еј-би-си њуз.

Според Советодавниот центар за вулканска пепел во Токио пак, облакот од пепел над вулканот достигнал висина од 4000 метри, односно 2880 метри над кратерот.

Насоката и обемот на пепелта цело време се следи преку сателитски снимки.

https://twitter.com/eduardocr04/status/1173398539654680576