|
ЕСМ понудиле 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум, а таа цена е за 17 проценти повисока од таа на последниот тендер.
На денешниот тендер за набавка на електрична енергија за период од јули до декември се јавила само една компанија, а тоа е АД ЕСМ.
Регулаторната комисија е сега на ред да ги направи пресметките, а веќе е познато дека сите енергетски компании побараа зголемување на цените за услугите.
МЕПСО побара 68 отсто зголемување, додека Електродистрибуција бара до 80 отсто зголемување, па Регулаторна ќе ја донесе конечната одлука.