18 – годишната Тилан Блондо се прослави кога пред 10 години ја прогласија за најубаво девојче на светот. Како што одминува време, таа стануваше се поубава, а за тоа може да се уверите доколку ги погледнете нејзините фотографии кои редовно ги споделува на социјалните мрежи.
На 10 години се појави на насловната страна на магазинот Вог, а откако доби светска слава, започна свој сопствен бизнис од областа на музиката.
Секој слободен момент го користи за одмор на егзотични дестинации на кои ужива во луксузни хотели и спа третмани.