После силните обилни врнежи на магистралниот пат Бања Лука – Челинаќ може да се види заастрашувачка глетка и огромна количина отпад во реката Врбањи, особено пластични шишиња.
На неколку километри пред Челинаќ, Врбања носи се пред себе, местото не е населено, но сепак е застрашувачко, пренесува Српскаинфо.
https://www.facebook.com/srpskainfocom/videos/801453783556273/
Засега не изгледа дека водата ќе се излее од кориото, но загрижувачки се обилните врнежи најавени за денеска, вечерва и утре.
Критично е местото Бојиќ каде се излеала реката Јошавка, која поплавила повеќе домаќинства.
Поради големата количина дожд која наврнала, Јошавка се излеала на магистралниот пат Челинац – Прњавор преку Стара Дубрава.
„Андреа“ корнеше дрва во Загреб
Откорнати дрва, искршени гранки по улиците и оштетени покриви се дел од утринската глетка во Загреб по силниот ветер кој не прекинува да дува од вчера вечер. Сообраќајот на неколку улици е во прекин, а прекинати се и неколку автобуски линии.
Хрватските медиуми јавуваат дека пожарникарите во Загреб имале 150 интервенции во текот на ноќта.
Полицијата објави предупредување во кое им препорачува на граѓаните да не излегуваат од дома, доколку немаат потреба и да не престојуваат на отворено.
– Поради силниот ветер кој во текот на денешниот ден ќе дува во Загреб и Загребската жупанија, им се препорачува на граѓаните да не излегуваат на отворено ако немаат потреба. Ова особено се однесува на децата и повозрасните граѓани. Им препорачувме на граѓаните да користат јавен превоз. Исто така, ги повикуваме граѓаните да не патуваат кон планинските предели – пишува во сопштението.
Хидрометеоролозите од целиот регион најавија обилни врнежи од дожд во следните два дена и предупредија дека се можни поплави.