Оваа девојка ја објавила фотографија на Фејсбук, а на неа се наоѓа бизарно суштество кое предизвикало сериозни проблеми по неговиот допир.
Ракел Вилијамс на плажата видела некакво суштество кое изгледало како “мозок“, го допрела за да види што е и набрзо нејзината рака и нога почнале да се вкочануваат.
Ракел фотографијата од чудното суштество ја објавила на Фејсбук страницата “Field Naturalists of Tasmania“.
„Може ли некој да ми каже што е ова? Мојата мајка и јас постојано ги гледаме на плажа. Кога го допрев, одредени делови од моето тело почнаа да се вкочануваат. Какво е ова морско суштетво?“ – напишала девојката покрај фотографијата.
„Изгледа како мозок. Можеби на некој му недостасува“ – еден од коментарите.
„Не, не е мозок, најдовме повеќе такви. Тоа е некој вид на морско суштество“ – одговорила Ракел.
Зоологот Сајмон Грув одговорил дека тоа е асцидија.
Помошта на Ракел за препознавање на ова суштество го натерала и Рос Барнет да ја раскаже својата приказна.
„Го допрев ова суштество на Бруни (остров кај Тасманија) пред неколку години и завршив со сериозни последици, отечени усни и надразнати очи. Научив лекција. Не изгледаше како ова на фотографијата тоа беше поиздолжено“ – напишал Рос.