(ФОТО) ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈ: „Супер бабичка“ повторно позирала во костум за капење

ИЗВОРСкопје24
|

Покрај море позира во едноделен костум за капење и покажала дека годините за неа се само број. Со фотографијата ги најавила настапите, а нејзините следбеници веднаш коментирале… Пејачката на забавна музика Неда Украден (69), на својот профил на Инстаграм „се пофалила“ со нови фотографии во костум за капење.

Покрај море позира во едноделен костум за капење и покажала дека годините за неа се само број. Со фотографијата ги најавила настапите, а нејзините следбеници не се либеле да коментираат… „Многу девојки можат да се посрамат покрај вас“, „Совршена жена си“, „За некои годините се само број“, се само некои од коментарите со кои обожавателите ја пофалиле на сметка на изгледот.

Пејачката која многумина ја нарекуваат „најзгодна баба на Балканот“ поради атрактивните фотографии кои ги споделува со обожавателите, вели дека како и секоја жена и таа себе си не си е совршена. Но, истакнува, со годините, со зрелоста, го засакала своето тело, се гордее со сите несовршености и целулитот.

„Што сега? Повеќе немам 20. години и изгледам како што изгледам. Сиугурно нема да одам на затегнување, притегнување, ригорозни диети…Моето тело е такво бидејќи се грижам за моето здравје. Кога ќе ги измерам естетското и здравственото во овие години здравственото мора да биде приритет“, истакнува Неда.

Неда Украден е горда баба на три внучиња, близначките Неда и Александра (7) и малечкиот Душан кој во почетокот на годината го прославил петтиот роденден.