Големо археолошко откритие: На крајбрежјето на Нил откриен храм стар повеќе од 2.000 години

|

Во египетскиот град Тама, на западното крајбрежје од Нил, откриен е храм стар 2.200 години од времето на кралот Птоломеј IV украсен со детали од релјефите.

Храмот го откриле работници кои ја копале канализацијата, а Министерството за антиквитети соопштило дека работата веднаш била запрена и на истата таа локација биле повикани археолози. Тимот досега открил ѕид кој се простира од северот до југот и југозападниот агол на храмот, кој е украсен со релјефи на Хапија, египетски бог на плодноста и годишното поплавување на реката Нил кое овозможува на подрачјето на древниот Египет да може да биде развиено полјоделството.

Релјефите го прикажуваат Хапија како е опкружен со птици и други животни. Во фрагментите од текстовите се спомнува Птоломеј IV, четвртиот фараон од династијата Птолемеида. Станува збор и за хеленската династија која владеела со Египет од 305-та до 30-те години п.н.е. и често ги преземала кралските и религиозни симболи, автохтони на египетските владари.

Последниот владател на династијата Птоломеида била Клеопатра која вадеела од 51-та до 30-те години п.н.е. Птоломеј IV со Египет владеел од 221-та до 204-та одина п.н.е. Неговото владеење не било толку многу успешно. Историчарите наведуваат дека фараонот повеќе би бил зантересиран за тоа да биде поет отколку да ја води земјата.