Голот на Пандев во конкуренција за најубав во Лигата на Нации

ИЗВОРНов Лист
|

Историскиот гол на Горан Пандев во Тбилиси што ја однесе Македонија до првиот настап на Европско првенство е во конкуренција за најубав погодок во изборот на УЕФА во финалните бараж мечеви во премиерното издание на Лигата на Нации.

Конкуренција на Пандев ќе му бидат и голот на Рајан Кристи за Шкотска во ремито против Србија, 1:1, што потоа на пенали ги одведе Храбрите срца на ЕП, потоа и погодокот на Доминик Собослаи за победа на Унгарија против исланд од 2:1 и погодокот на Михал Дуриш во продоженијата за победа на Словачка против Северна Ирска од 2:1.

Инаку, за најубав погодот може да се гласа на интернет страницата на УЕФА.