Град Скопје нуди субвенции за чистење на оџак, еве како и кога да аплицирате

|

Во тек е јавниот повик за доделување субвенции на домаќинствата за чистење оџаци, како мерка за намалување на загадувањето на воздухот.

Градот Скопје ќе субвенционира дел од трошоците на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ најмногу до 1.200 денари (нето).

Физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје можат да поднесат барање за субвенции, согласно Јавниот повик заклучно со 30.11.2020 година. Реализацијата на овој проект ќе биде по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Ова е линкот со информации за Јавниот повик:

https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/18-07-2020-cistenje-odzaci-subvencii/

Град Скопје го реализира континурано овој проект заради намалување на загаденоста на амбиентниот воздух, особено со честичките ПМ10 и ПМ2,5.
Една од причините за загадувањето на воздухот со овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, а поради несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците.

Ако не се спроведува редовно чистење на оџаците, не само што загадувањето и емисијата на ПМ честички е голема, туку познато е дека се зголемува ризикот од пожари.
Оџаците е препорачливо да се чистат 3 пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш на лето.