|
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на владина седница најави зголемување на финансиската поддршка за потрошувачите на гориво, јави АНА-МПА.
Тој најави дека субвенцијата, т.н „Fuel Pass 2“ се зголемува од 45 на 80 евра по сопственик на возило во квартал јули-септември, а за мотоцикли од 35 на 60 евра.
Субвенцијата ќе биде поголема на островите, каде горивото традиционално е поскапо. Таму субвенцијата се зголемува од 55 на 100 евра за возило на четири тркала и од 40 на 70 за возило на две тркала.
Посебни поволности се предвидени за земјоделците, кои во август ќе имаат право да им биде вратена акцизата за купените горива во првата половина од годинава.