Иранските власти вчера соопштија дека нема да има состанок меѓу иранскиот претседател Хасан Рохани и неговиот американски колега Доналд Трамп на претстојното Генерално собрание на ОН во Њујорк.
Иран никогаш нема да преговара со САД и политиката на Вашингтон темелена на „максимален притисок” врз Техеран ќе пропадне, изјави денеска иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи.
– Иранските официјални претставници никогаш нема да разговараат со САД, тоа е дел од нивната (американска) политика да врши притисок врз Иран, нивната политика на максимален притисок врз Иран ќе пропадне, рече Хамнеи во телевизиското обраќање.
Иранските власти вчера соопштија дека нема да има состанок меѓу иранскиот претседател Хасан Рохани и неговиот американски колега Доналд Трамп на претстојното Генерално собрание на ОН во Њујорк, откако Белата куќа во неделата ја остави отворена можноста за потенцијална средба на лидерите.
– Таков настан ( состанок Трамп-Рохани во Њујорк) не е на нашиот дневен ред, нити ќе се случи. Таква средба нема да се одржи, изјави вчера портпаролот на иранското МНР Абас Мусави за државната телевизија.