Девојка на Твитер стана хит откако се прослави со својата креативност на тема шверцување алкохол на спортски натпревари. Британката на 1 јануари се појавила на трибините на трката во Челтенхам со навидум обичен двоглед, што и би се очекувало од некој што случувањата ги следи од трибините. Арно ама, камерманот ја фатил „на дело“, а откако снимката е објавена на Твитер профилот на ITV Racing, станува јасно дека во двогледот се крие и нешто друго освен подобра глетка. „10/10 за трудот“, пишува ITV Racing.
https://twitter.com/itvracing/status/1080105863099101190?s=21
Инаку вакви двогледи лесно можат да се најдат онлајн, а собираат и до 450 милилитри течност. Не дека ве охрабруваме на вакви финти, туку чисто да си знаете ако некогаш планирате да одите во дивина на преживување.