Краток хороскоп за 27 Јули 2020

|

ОВЕН
Обидете се да обрнете повеќе внимание на младите или тинејџерите, во вашиот живот, во моментов. Вие сте многу добар модел за да се угледаат на вас и имате неколку интересни идеи од кои би можеле да имаат корист.

БИК
Постои одредена просветлувачка комбинација на факти, фикција и околности што само вие денес ги имате на увид денес. Тоа значи дека ќе бидете во позиција на моќ и треба мудро да ја користите.

БЛИЗНАЦИ
Понекогаш кога нечие однесување ви оди контра, несогласувањето може да биде стимулативно. Денес барајте разговор со пријатели со спротивставени гласови и мислења од вашите.

РАК
Користете ги ушите денес и тие нема да ве издадат. Одвојте дополнително време за да слушате нови индиции, утешни комплименти и сочни разговори. Луѓето околу вас зборуваат и не внимаваат што кажуваат.

ЛАВ
Додека тие се во центарот на вниманието, дали се чувствувате како да сте заглавени долу и небитни? Универзумот советува против љубомората, затоа што само ќе создадете повеќе негативна енергија околу вас.

ДЕВИЦА
Ако не сте успеале да закажете време за себе, гледајте да го сторите тоа денес. Изберете ја следната книга што ќе ја прочитате или одлучете за идна дестинација за патување.

ВАГА
Дали се чувствувате под притисок да бидете активни сега кога навистина не сакате да бидете? Слушајте се себеси и следете го расположението, без разлика што другите луѓе велат.

ШКОРПИЈА
Идеите течат од вас во моментов, но ќе биде потребен концентриран напор од ваша страна за да ги обликувате во нешто практично. Вашите нови мисли се грутки од глина, полни со потенцијал, но имаат потреба од силна визија да го претворат тој потенцијал во реалност.

СТРЕЛЕЦ
Приказната за несреќата на еден пријател може да ве извади од такт и да формулирате план за одмазда денес. Застанете пред да продолжите напред, затоа што има три страни на секоја приказна.

ЈАРЕЦ
Да имате богата фантазија во моментов може да биде пресудно за да ја одржите вашата енергија и да се чувствувате позитивно. Можете да контролирате сè во вашата имагинација, па обидете се.

ВОДОЛИЈА
Опкружувањето со премногу истомисленици не е добра идеја и така ќе се ограничи вашата креативност во моментов. Не ви требаат умилкувачи кои се согласуваат со сè што ќе кажете (и ви даваат комплимент за се што ќе кажете).

РИБИ
За посебен увид во врска со најновите непријатности, обратете се денес на своите соработници или пријатели. Треба да се консултирате со некој кој е или во иста ситуација како вие или претходно го искусил истото.