Ивановски со нов рекорд на „Скопје трча 10км“

ИЗВОРНов Лист
|

Денеска во организација на Сојузот на спортови на Скопје и АК Работнички по шести пат се одржа трката HalkEko Скопје трча на која настапија преку 1500 натпреварувачи.

Делницата од 10 километри најбрзо ја мина Дарио Ивановски кој на целта пристигна со време од 29 минути и 42 секунди што е нов рекорд. Второто место му припадна на Џастин Фиман додека трет е Атанас Анчевски.

Кај дамите првото место и припадна на Билјана Кираџиева која триумфираше со време од 37 минути и 48 секунди. Второто и третото место го освоија Милјана Ристиќ и Весна Кираџиева.