|
Изборната трка во Велика Британија станува се понеизвесна, а конзервативците на премиерот Борис Џонсон треба на изборите во четврток да победат со мало мнозинство. Ова го покажуваат најновите испитувања на јавното мислење.
Агенцијата YouGov предвидува дека конзервативците ќе обезбедат мнозинство од 28 пратенички места, што е значително помалку од 68-те мандати колку што им предвидуваше анкетата од пред две недели. Предноста на конзервативците е многу намалена во последните две недели и сега заради маргината од грешка во анкетата веќе не е ни сигурно дека премиерот Борис Џонсон ќе победи на изборите, а во тој случај Брегзит повторно може да биде одложен.